Шекеринска: Пoбарувачката на вакцини е поголема од производството

by Фокус

Проблемот со недостигот на вакцини не е ниту во ЕУ, ниту во НАТО, ниту во земјите, туку нема толку производство колку што има побарувачка, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Четири милијарди луѓе низ светот бараат вакцини. И овие проблеми со вакцините се случуваат во речиси секоја земја – членка и на НАТО. Неколку од членките од ЕУ бараат да се тужат производителите заради тоа што не испорачале потребни количини. Има еден период во кој очигледно повеќе ќе треба компаниите да сработат за количините да одговараат – рече Шекеринска на Сител.

Таа додаде дека клучно ќе биде да добиеме вакцини против ковид 19 на кои може да им се верува.

 

Поврзани новости