Генералниот секретар на расипничката влада, Драги Рашковски, веќе неколку дена не излегува пред јавноста и упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции, изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, која побара оставка од владиниот генерален секретар.
-Непотизмот од неговото работење не може да се прикрие ниту заташка, со повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска од позицијата Претседател на Комисијата за жалби. Во исто време се повлече и неговиот кум, Дејан Костиќ кој Рашковски го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба. Овие лица треба да ги вратат народните пари кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот на Република Македонија – рече Јакимовска.