Јакимовска го управувала возилото во сообраќајката во која беше повреден мотоциклист

by Fokus

Од Министерството за внатрешни работи излегоа со информации за сообраќајката во која денеска беше удрен мотоциклист.

Според официјалните информации од полицијата, денеска во 13.02 часот на бул. М.Т. Гологанов во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило БМВ со скопски регистерски таблици, управувано од Е. Ј. (53) и мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од Ѓ. А.(37). Ѓ.А. со возило на Итна помош е префрлен во Ургентен центар.

Полициски службеници во моментов вршат увид на местото на настанот.

Поврзани новости