Ја забележал во публика на неговиот концерт и се вљубил, денес им се роди четврто дете!

by fokus

За тоа дека животот пишува романи, доказ е приказната на нашиот популарен трубач од Струмица, Џамбо Агушев, или како што го нарекуваат, кралот на трубата.
Денес тој и неговата сопруга Асена станаа родители по четврти пат и и посакаа добредојде на ќеркичката Алина.

Во изминатите 12 години, откако се во брак, тие ги добија и ќерките Севги и Мелинам и синот Мерт.

Роден како Исеин Агушев, во музичко семејство, Џамбо уште на млади години ја продолжи семејната традиција и го направи оркестарот Агушеви познат во целиот свет, освојувајќи голем број на престижни музички награди во многу земји.

Посветен на кариерата, тој ја помина младоста по турнеји, а токму на една турнеја во Германија, за време на неговиот концерт, му се случила животната пресвртница, кога во публиката ја забележал Асена.
Таа е Турчинка по потекло, но живеела во Германија. Многу му се допаднала и Џамбо ја поканил на состанок по концертот, па така започнала нивната љубовна приказна, од која се изродија четири дечиња.

Инаку, Асена ретко се појавува на јавни настани, но затоа пак Џамбо редовно објавува семејни фотографии на социјалните мрежи, не криејќи дека семејството му е најголема поддршка во животот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости