597
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.К.(50) од село Породин-битолско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “силување“.
Според полицијата, на 24.05.2018 година во Битола во близина на улицата “Раштанска”, во такси возило, управувано од пријавениот, истиот извршил други полови дејствија врз 15 годишна малолетничка од Битола.