Двајца браќа затвориле деца во подрум и ги малтретирале, мислејќи дека се крадци, нивните роднини им вратиле со закани

by Fokus 15:55
15:55

Двајца браќа затвориле малолетници во подрум и ги малтретирале, мислејќи дека се крадци, децата кажел на роднините кои излегле на протест пред куќата, информираа од МВР.

Споре информациите од полицискиот билтен, вчера во 22,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.Т. (34) пријавил дека во неговиот двор на улицата “Прохор Пчински“ имало повеќе лица кои му упатувале закани по живот и притоа оштетиле еден прозорец од куќата. По излегување од страна на полициски службеници на местото на настанот констатирано било дека пријавителот, заедно со неговиот брат А.Т. (31) истиот ден околу 22,05 часот во својот двор повикале двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа ги внеле во подрумската просторија од куќата и физички ги малтретирале. Тие тоа го сториле поради тоа што мислеле дека се сторители на кражби кои биле извршени во изминатите денови. Откако биле ослободени околу 22,30 часот малолетниците настанот го кажале на своите роднини кои изреволтирани се собрале во дворот на С.Т.

- Advertisements -

А.Т. и С.Т. биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости