Ја киднапирале, па ја претепале

by Fokus

Двесетгодишна тетовчанка била киднапирана и тепана, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според информации од полицијата, вчера во 16.45 часот во ПС Тетово, Л.А.(20) од село Копанце, тетовско пријавила дека околу 10.45 часот во Тетово, додека била во еден трговски маркет од страна на Н.А. од Дреновец и уште едно непознато лице насилно била внесена во возило со кое потоа ја однеле во населба Теќе каде физички ја нападнале, при што и нанеле видиливи повреди. По ова на оштетената и била укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Пријавениот Н.А. е лишен од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости