Убијци се шетаат по улица, тоа го донесе власта на СДСМ, вели Јанушев

by Fokus 16:38
16:38

Државата тоне во економска пропаст, народот се мачи во сиромаштија и беда, а криминалот царува по улиците, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно како на пазар се лицитира и се распродаваат државните и националните интереси. Со името на државата се постапува како да е име на фирма на Заеви, далеку од очите на јавноста, за лични интереси на криминалниот картел на власт се преговара за сè и сешто и тоа се крие од граѓаните. До вчера Заев се колнеше дека не помислува на промена на Уставот за да го менувал уставното име, за потоа да нè убедува дека се премислил бидејќи му се видело убаво како име Илинденска Македонија. Сега ни кажува дека заради Грците и тоа име отпаѓа ама убаво ќе било и без тоа име да се преземе обврска за менување на Уставот“, рече тој.

- Advertisements -

Тој обвини дека убијци се шетаат на слобода и дека уште не е фатен убиецот на Мартин Јанушев.

„Осудените од Смилковско Езеро се помилувани, исто како што се помилувани и осудените во случајот ‘Сопот’ кои подметнаа бомба и убија војник на НАТО. Помилувани се и убијците на полицајците пред Арачиново пред 18 години. Заедно со нив е помилуван и Заев. Клиентелистичкиот суд се прави слеп на снимката на којашто Заев бара евро за Вицето и евро за црквата“, рече Јанушев.

 

Поврзани новости