Извршниот комитет на ВМРО ја отфрли иницијативата на Димовски, Милошоски, Вељановски за одложување на конгресот

by Fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално излегоа со соопштение дека Извршниот комитет на партијата ја отфрлиле иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери.

– Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата. Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие на вчерашната седница ги осудија нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.

-Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе кои не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики. Извршниот комитет одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи – продолжува понатаму во соопштението.

 

 

 

Поврзани новости