Судијката Петровска: Тие што ме озборуваа во бомбите не ме дисквалификуваа да судам

by fokus

„Тие што ме озборуваа во бомбите не ме дисквалификуваа да судам“, вели судијката Лидија Петровска, чие што име оддекна во јавноста откако беше објавенен разговорот на судијката Софија Лаличиќ со Сашо Мијалков, во кој судијката му вели на поранешниот прв човек на УБК, дека Петровска ја добила наклонетоста од Лидија Неделкова, купувајќи и сваровски подароци.

Кај Петровска беа распоредени три предмети на СЈО, и тоа „Триста“, „Транспортер“ и „Тврдина 2“, а СЈО бараше нејзино изземање. Иако изземањето не беше прифатено, судијката Петровска овие предмети од 1 јануари 2018 година ќе мора да ги предаде во работа на друг судија, бидејќи со новиот годишен распоред кој го направи претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, таа од одделението за организиран криминал се сели во одделението за прекршоци.

Поврзани новости