Популарната актерка Шерон Стоун (65), номинирана за Оскар во американски подкаст раскажала кога била поканета на состанок во поранешната канцеларија на „Бос Сони“ кога се преселила во Лос Анџелес, во 1980-тите години на минатиот век.
„Тоа што го велат за тебе е точно – дека си најубава. Никој како тебе не сме виделе со децении. Сите зборуваат за тебе… Ти си толку паметна и убава – и таа коса“, наводно и рекол извршниот директор на Sony, раскажа актерката.
Рекла дека тој застанал пред неа и рекол: „Но прво…“, а потоа го извадил пенисот и го ставил „пред нејзиното лице“.
Таа додаде дека станала хистерична и дека извршниот директор потоа се повлекол и излегол од другата врата.
Таа рече дека нејзината секретарка подоцна ја изнела од канцеларијата.
Стоун, исто така, рече дека „не можела да каже порано“, бидејќи Sony никогаш повеќе не би ја вработиле.
Кога ги промовираше своите мемоари од 2021 година, The Beauty of Living Twice, Стоун рече дека била под притисок да открие дали доживеала сексуално вознемирување во Холивуд.
Книгата излезе неколку години откако движењето #MeToo ја разоткри системската сексуална злоупотреба од страна на некои од најмоќните фигури во забавната индустрија.
Во раните 1990-ти, Стоун стана секс симбол првенствено поради филмот „Ниски страсти“ со Мајкл Даглас.
Потоа сними многу филмови, меѓу кои и „Казино“, за кој го освои Златниот глобус за најдобра главна женска улога, јавува Би-Би-Си.