Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава
против С.А.(60) од село Мглинце, Старо Нагоричане поради постоење
основи на сомнение за сторено кривично дело “пустошење шума“.
Во текот на 2016 и 2017 година во атарот на село Мглице, пријавениот, спротивно на решението од ЈП “Македонски Шуми”, од парцели во негова сопственост и на неговиот татко, извршил бесправна сеча на 102 м3 мешовити огревни дрва.
- Advertisements -
Со тоа, пријавениот го оштетил на буџетот на Р.Македонија, предизвикувајќи материјална штета од 714.700 денари