Илчо Ѓорѓиоски замина од ФФМ: Чист сум и кон никого ништо не должам

by fokus

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, со писмо преку интернет-страницата на Федерацијата го објави своето заминување од ФФМ, а неговата кариера ќе ја продолжи во Европската фудбалска унија (УЕФА).

Ѓорѓиоски шест години ја предводеше ФФМ, а дојде на местото на дотогашниот претседател Харалампие Хаџиристески.

По повод заминувањето во УЕФА, Ѓоргиоски се обрати со отворено писмо до јавноста во кое, меѓу другото, зборува за успесите на ФФМ за време на неговиот ангажман и очекувањата во наредниот период од македонскиот фудбал.

– Нема да бидам искрен ако не истакнам дека финансиското работење е голем успех на федерацијата. Убеден сум дека А репрезентацијата преку Лига на Нации ќе обезбеди место на Европското првенство, а неминовен ќе биде напредокот, можеби и до 30. место на фамозната листа на ФИФА. На селекторот, на капитенот Пандев и на соиграчите им посакувам среќа и успех, стои во писмото од Ѓорѓиоски.

Поврзани новости