Извршена тешка кражба во Хрватската резиденција

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден е извршен грабеж во Хрватската резиденција од страна на непознати лица, информираа од МВР.

Според полицијата, со употреба на подесен клуч калауз, била отворена влезната врата на резиденцијата, при што било влезено внатре и било извршено претурање, но не се знае што било одземено.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости