Илхан Ќучук, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент (ЕП), смета дека земјава треба што поскоро да организира избори за да добие политичка влада и функционален парламент.
Својот став, европратеникот од редовите на „Обнови ја Европа“, трета по големина политичка сила во ЕП, го темели на неколку, како што ги нарекува, аргументи поврзани со ограниченоста во надлежностите на една техничка влада.
-Техничка влада има главно задача да организира избори, тоа е главната цел на секоја таква дефиниција. Оттаму даѓаат и политичките прашања – кој ја носи политичката одговорност, за да има политичка одговорност треба да има и силен парламент кој ќе ја контролира власта. Погледнато од европска перспектива, сите ние имаме интерес да има политичка власт во Република Северна Македонија, со силен парламент кој соодветно ќе ја контролира, вели Ќучук во интервју за 360 Степени.
Бугарскиот европратеник смета дека бојкот на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е алтернатива.