Кои места се најголеми жаришта за ширење на корона вирусот?

by fokus

Од досегашните податоци, знаеме дека најголемиот број од луѓето се заразуваат со корона вирусот во домовите, пишува Д-р. Митров на својот вебсајт.

Тоа се случува кога еден член на семејството ќе се зарази надвор од домот и потоа ќе го пренесе вирусот на еден или повеќе членови на семејството. Во домот заразувањето оди најлесно, бидејќи се работи за затворен простор во кој двата главни начини на ширење на вирусот се највозможни – директен контакт и загадени површини. Дополнително, контактите се многу долги.

Најризични настани и места или т.н. супер-ширачи на корона вирусот се:

◦ Месна индустрија – природата на работата при процесирањето на месото има потреба од комуникација на густо поставени работници. Според досегашните податоци, дури 115 вакви фабрики биле жаришта на коронавирусот, во над 20 земји од САД. Заразени биле преку 5000 работници, а од нив 20 починале.

◦ Свадби, погреби, родендени, слави – 10% од вкупниот број на жаришта. Еден вистински пример од САД е одличен за илустрација на опасноста од ваквите настани. Едно момче од Чикаго било инфицирано, но не знаело, значи било асимптоматски преносител. Тој едно утро бил на погреб кај пријатели и се прегрнал со неколкумина за да искаже сочувство. Вечерта бил на роденденска забава со уште деветмина. Забавата траела 3 часа. Еден од оние со кои се прегарнал на погребот бил инфициран, а дури 7мина од учесниците на забавата, исто така биле заразени. Тројца од заразените на роденденот, потоа отишле во црква, бидејќи биле дел од црквен хор. Поголемиот дел од хорот бил исто така заразен. Епидемиолошката слика покажала дека момчето несвесно заразило 16 лица, од кои 3 за жал починале.

◦ Ресторани – ручеците и вечерите можат да траат и неколку часови, што значи изложеноста е доста висока. Правени се истражувања во кои е утврдено дека дури 75% од околината (соседните маси и масата на која бил заразениот) на асимптоматскиот заразувач била заразена со коронавирусот.

◦ Т.н. кол- центри и други канцелариски простори во кои интенизвно се зборува, а и лицата седат збиени, еден покрај друг – според епидемиолошката слика од еден кол-центар во САД, од 216 вработени, заразениот ,,успеал” да зарази дури 94 колеги за само една недела. Ова уште еднаш ги потврдува фактите од погоре, односно дека делењето на една иста просторија, повеќе часови во денот, може да биде од огромен ризик.

Целиот текст прочитајте го на овој линк.

Поврзани новости