Извештајот за заразени од Ковид-19 доцни, бројката најверојатно ќе надмине 400 заболени

by fokus

Дневната статистика за бројот на заразени со корона вирусот се уште не е објавена од Министерството за здравство, иако досега се споделуваше околу 15 часот, или најдоцна до 18 часот. Од Министерството за здравство појаснуваат дека се уште се чекаат податоците.

-Министерството за здравство се извинува до медиумите и јавноста за денешното доцнење со информирањето за состојбата со ковид-19 во нашата земја. До овој момент сѐ уште не е испратена дневната статистика од Институтот за јавно здравје.

Веднаш штом пристигне дневниот извештај, истиот ќе биде проследен до јавноста, велат од министерството.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, од добро упатени извори, се уште се чекаат резултатите од приватните лабаратории и дека бројката најверојатно ќе надмине 400 заразени.

Поврзани новости