442
Извештајот на Специјалното обвинителство од неговото шестмесечно работење денеска ќе се најде пред Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Советот за јавни обвинители пак, во петокот ја одложи расправата за Извештајот, бидејќи за нив имало нејасни работи во него, а специјланата обвинителка Катица Јанева не можела да присуствува за да го образложи. Од Специјалното обвинителство побараа за се што советот има дилема да и пишат на Јанева која пак ќе им образложи и разјасни.
Денешната седница е закажана во 11 часот, а не е потврдено дали Јанева ќе присуствува. Од Специјалното обвинителство велат дека според Законот, Јанева не е должна да дава отчет и да го образложува Извештајот.