СДСМ: Единствени дела на Груевски се криминалот и фантомските гласачи

by Фокус

Единствен резултат преточен во дела на Никола Груевски се криминалот, стотиците илјади спорни гласачи и фантоми во Избирачкиот список преку коишто години наназад го крадел слободниот глас на граѓаните, реагираат од СДСМ на вчерашниот настан на ВМРО-ДПМНЕ на кој Груевски даваше отчет за сработеното пред партиските членови.

-Никола Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред се млади луѓе, коишто поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија. Груевски ќе даде очет поради тоашто на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици а во сиромаштија живеат над 500.000 граѓани во земјава. Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија над 10.000 фирми, се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски им порача дека ќе треба да дадат отчет пред граѓаните и затоа што Македонија била на 13-то место по бедотија во светот, затоа што Македонија била на врвот во Европа по смртноста на бебињата, затоа што годишно умираат 1.350 граѓани поради загаден воздух.

Поврзани новости