Изречени вкупно 10.000 евра казни на четворица кумановци за прекршување на мерките

by Fokus

Четири пресуди против четворица кумановци донел Oсновниот суд во Куманово во текот на вчерашниот ден кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија.

Двајца од нив се казнети со по 123 илјади денари (2 000 евра), а другите двајца добиле казни од по 184.500 илјади денари (3 000 евра). Вкупната сума на казни во овие четири случаи е 10 000 евра.

Еден од казнетите кумановци е за прекршување на мерката за изолација, кој наместо да седи дома по враќањето од странство, излегол надвор.

Една казна е за газда на угостителски објект кој на 10 март бил затекнат како послужува гости.

Останатите двајца кумановци се казнети бидејќи се движеле во време на полицискиот час.

Поврзани новости