Фирмите почнаа да вадат уверенија за кредити, УЈП ќе го продолжи работното време

by Fokus

Откако вчера Развојната банка најави бескаматни кредити за мали и средни претпријатија, утрово пред Управата за јавни приходи (УЈП) се создаде гужва бидејќи од фирмите тргнаа да вадат уверенија кои им се потребни за да ги добијат кредитите.

Oд УЈП најавија дека ќе го продолжат работното време за прием на странки во регионалните дирекции, одделенија и шалтери. Од утре тие ќе работат од 8 до 14 часот.

„Причина за  оваа одлука на Управата во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот ковид-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од коронавирусот и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси, што ќе им послужи пред Развојната банка на Северна Македонија“,- велат од УЈП. 

Од таму, исто така апелираат барањата за издавање уверенија да се поднесуваат електронски на линкот  е-Даноци.

Поврзани новости