478
„Има иднина“ на Владимир Лазаревиќ денеска испрати соопштение во кое известува дека медиумите во Израел започнале да ја истражуваат приказната за коруптивниот скандал во кој е инволвиран аболицираниот нивни граѓанин Хаим Хакеини.
Во текстот насловен како „СЛУШНЕТЕ: Македонците протестираат против огромниот коруптивен скандал во кој се инволвирани Израелци” се објаснува позадината на протестите и причините поради кои истите започнаа, како и скандалот со провизијата за набавување на израелската опрема за прислушувањето.
-Во текстот се наведени имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Светлана Костова, како и на Израелецот Хаим Хакеини и нивните улоги во коруптивниот скандал. Исто така, Times of Israel се повикува на текст објавен во бизнис весникот The Marker каде се наведува дека опремата е најверојатно користена за прислушкување на граѓаните. Овој текст практично неминовно ќе доведе до правна разврска на коруптивниот скандал и во Израел, што ќе фрли дополнително светло на криминалите во кој се инволвирани официјални лица од Македонија, велат од „Има иднина“.
Линкот до целиот текст може да го видите тука: http://www.timesofisrael.com/macedonians-protest-massive-bribe-scandal-involving-israelis/