Димитрова од првиот состав на Парламентот од ДПМНЕ: Како и тогаш, и сега се борам против едноумието

by Фокус

На демонстрантите пред Владата им се обрати Ратка Димитрова, пратеничка и коорднинаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието на Македонија.

-Тогаш влегов во Собранието за да се борам против едноумието. Сега со Шарената револуција сум на улица и се борам против истото. Денеска е годишната од 17 мај, ден кога народот ја крена главата, разнолик, но обединет во духот на правдата, рече Ратка Димитрова.

Претходно, демонстрантите со катапулт успеаја да ја обојат и фасадата на Владата и покрај големото растојание.

vll vllll