830
Израел му прави „голема услуга“ на светот со испитување на ефикасноста на третата доза од вакцинација против Ковид-19 врз дел од своето население, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет, и покрај повикот на Светската здравствена организација за мораториум на таквиот третман.
Додека западните земји настојуваат да вакцинираат што е можно повеќе од своето население со две дози на вакцината против коронавирус, Израел од минатиот петок почна кампања за вакцинирање на лицата над 60 години со трета доза, главно од Фајзер.
Претседателот Исак Херцог и лидерот на опозицијата, Бенјамин Нетанјаху, ја добија третата „бустер“ доза за зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи делта-верзијата на вирусот што се шири во моментов е позаразна од другите.