Пристигна тим од Австрија за гасење на пожарите

by fokus

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информира Дирекцијата за заштита и спасување.

Австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, амбулантно возило, 2 АТВ и девет приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на ДЗС на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

По активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита на Европската Унија, во земјава веќе се противпожарни тимови и од Словенија и Бугарија, а во гасењето на пожарите се ангажирани и четири хеликоптери од Србија.

Поврзани новости