Израел нападнат и од Сирија: Летаат гранати, војската возвраќа

by Fokus

Израелската армија на социјалната мрежа „Х“ (Твитер) објави дека е нападната вечерва од територијата на Сирија.

Според извештаите, неколку гранати биле истрелани од Сирија.

– Евидентирани се неколку лансирања од сириска кон израелска територија. Некои од нив преминале на израелска територија и очигледно паднале на отворен простор – навеле од израелската војска (ИДФ).

Се вели дека ИДФ одговорила со артилериски и минофрлачки оган.

Како што јави „Ројтерс“, извор од југот на Сирија изјавил дека палестинската фракција истрелала три ракети кон Израел.

Поврзани новости