364
Израелската војска изврши воздушен напад врз Појасот Газа во текот на ноќта неколку часа откако пресретна ракета истрелана од областа и по апелот на САД до сите страни да се воздржат од натамошно насилство во Израел и окупираниот Западен Брег.
Војската соопшти дека нејзините воздушни напади биле насочени кон локациите за производство на ракети и оружје што ги користи Хамас, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема извештаи за евентуални жртви.