Правнукот на Гоце Делчев: Не смее да се фрла грда сенка на оние кои што загинаа за слободата на Македонија

by Fokus

Правнукот на Гоце Делчев, Христо Христов, заедно со поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Кон апелот се приклучија и Рајна Дрангова, внуката на полковникот Борис Дрангов, командант на бугарските сили во Првата светска војна, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на Тодор Александров и внукот на штипскиот војвода Мише Развигоров.

„Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев. Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, ​​се наведува во апелот.

Поврзани новости