Изминатата недела од Ковид-19 починале 48 заразени, од кои 13 немале претходни болести

by fokus

Изминатата недела, во споредба со претходната, забележано е зголемување на бројот на заразени и починати од корона вирусот.

Па така, според извештајот на Институтот за јавно здравје, од 14 до 20 септември бројот на заразени се зголемил за 34,9% во однос на минатата недела.

-Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани, се вели во извештајот.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години , односно со 22,4%.

Истиот период починале 48 заразени пациенти, што е за 21 случај повеќе од минатата недела.

-Во однос на возраста, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50-59, 4 од 40-49 години, 3 од 20-29 и еден случај од 30-39 години. Од починатите 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 од починатите лица, се наведува во извештајот.

Од почетокот на пандемијата па досега се регистрирани 705 починати од Ковид-19.

 

Поврзани новости