Владиниот врв на состанок на Советот за безбедност кај Пендаровски

by fokus 13:40
13:40

Почна состанокот на Советот за безбедност во „Вила Водно“ свикан од претседателот Стево Пендаровски.

На состанокот присуствуваат претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

- Advertising -

Присутни се и советниците и универзитетски професори Гоце Трајановски, Ненад Марковиќ и Ветон Љатифи.

На состанокот покрај постојаните членови на покана на претседателот Пендаровски присуствуваат и директорите на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски, како и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Според сооштението од Кабинетот на претседателот, тема на состанокот ќе биде политичко безбедносната ситуација во земјата по пристапување во членство во НАТО.

Се очекува по завршување на состанокот изјава да даде претседателот и врховен командант Стево Пендаровски.

Поврзани новости