Измамници во Кавадарци и го поткусуваат прометот на црквата

by fokus

Ако минатата година, веднаш по верскиот празник Водици, во Кавадарци беа актуелни измамниците кои што шетаа по домовите со лажен крст, и собираа пари од наивните граѓани, оваа година во градот измамници облечени во мантии почнале да одат по куќите и да продаваат лажни верски календари.

Од црквата ,,Свети Димитрија’’ упатуваат апел до кавадарчани да не купуваат од календарите кои што им се нудат на врата, бидејќи непознатиот продавач во мантија, не бил благословен од црквата и не бил нивни претставник. Инаку, верските календари се нуделе по цена од 100 денари, но продавачот бил спремен и на ценкање, па некои граѓани ги купиле и за само 50 денари. Според црквата во Кавадарци, секој кој  сака да си купи верски календар тоа може да го стори единствено во храмот, а исто така и крстот кој што беше фрлен во водите на реката Луда Мара се наоѓа во црквата, и граѓаните таму можат да остават пари за здравје.

В. К.

Поврзани новости