ДС: Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да формираат Влада

by fokus

Засега е кристално јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат мнозинство и дека не се во можност да формираат Влада, реагираат денеска од Демократски сојуз.

-Тоа Али Ахмети го знае и затоа ДУИ треба да соопшти дека немаат доволно поддршка за избор на Влада. Но, и без тоа набрзо ќе се види апсурдноста на губењето време со некаква националистичка платформа за дневно политички потреби. Никола Груевски треба да го врати мандатот и истиот да се даде на партиите кои јавно ќе презентираат дека имаат 61 пратеник, колку што се потребни за избор на Влада, се вели во соопштението на ДС.

Од партијата додаваат дека граѓаните очекуваат промени на подобро, а не пазарења со националните и државните интереси.

Поврзани новости