СЈО не ги менува трајно пресовите со соопштенија

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство денеска најави дека отвара две нови истражни постапки под назив „Тенк“ и „Тарифа“, поврзани со јавните набавка на мерцедесот од страна на МВР за 600.000 евра, како и на софтвер за потребите на ЕЛЕМ за сума од над 4.000.000 евра.

Наспроти досегашната практика СЈО да ги најавува и образложува случаите на прес-конференција, сега од таму одлучија тоа да го сторат по писмен пат, што ја скуси можноста на новинарите да постапуваат дополнителни прашања за темата, па и надвор од неа.

Извори од обвинителството за Фокус појаснуваат дека сега одлучиле да ја информираат јавноста за нови истраги преку соопштение поради работни обврски, но, додаваат тие, тоа не значи дека во наредни прилики нема да оддржуваат прес-конференции.

Поврзани новости