Коцевски рече дека им рекле да се заклучат во собата за техничка режија оти влегол народ во Собранието. Таму, како што рече, биле од 18.40 до 20 часот.
„Останавме заклучени. Се обидувавме да стапиме во контакт со генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски“, рече сведокот. Денковски ги побарал подоцна, но освен што прашал за опремата, не се заинтересирал како се и дали може да помогне во нивното извлекување, пренесува „Макфакс“
Додека биле заклучени во собата, се слушало викање, тропање и истрели: „Почнаа да викаат: ‘Отворете, отворете! Излезете комуњари’“, рече Коцевски пред судот.
Коцевски рече дека од собата ги извлекле Горан Ѓошевски Леви заедно со тројца од собраниското обезбедување, кој ги спречил лицата кои биле дел од толпата да ги нападнат затоа што „биле нивни“.