480
Товарен воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија – Скопје излетал утрово од шините кај Демир Капија. Повредени нема, а железничкиот сообраќај е во прекин.
– При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје – изјавил Невзат Мамути, портпарол на МЖ Инфраструктура за МИА.