ЛДП: Власта го изедначи здравството со хаосот

by Фокус

Македонија е единствената држава во Европа која нема организиран здравствен систем. Пациентите се соочуваат со стихијно решавање на нивните здравствени проблеми кои се изедначуваат со хаос, рече доктор Бранко Блажевски, член на Советот за здравство на ЛДП, одговорен за клиничко-болничкото лекување, на трибината во Берово, „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

– Новата Влада ќе се соочи со состојба која бара повторно, речиси од почеток, правење на организиран систем на здравството. Тоа ќе биде исклучително тешко поради одливот на квалитетен медицински кадар во странство или во приватните клиники. Веднаш треба да се распишат значителен број на специјализации по сите гранки на медицината за ублажување на недостигот од лекари специјалисити. Да се донесе одлука и план за регионална организација на здравствениот систем во неколку региони, со изградба на нови современи клинички болници – истакна Блажевски.

Поврзани новости