Излетал од коловоз со автомобил и починал

by fokus

69-годишен жител на село Мокрино починал во болницата во Струмица, откако вчера околу 18.30 часот излетал со својот автомобил од коловозот.

„На регионалниот пат село Ново Село-село Мокрино, струмичко, вчера околу 18.30  патничко возило „Тојота Корола“ со струмички регистарски ознаки, управувано од  Е.Д.(69) од село Мокрино, излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во болницата во Струмица каде починал“, пренесуваат од МВР.

Поврзани новости