Мијалков не сака јавноста да ги слушне „бомбите“ за апсењето на Бошковски

by fokus

Адвокатот на обвинетите Љупчо Шврговски, повикувајќи се на меѓународното право и европската судска пракса, од Судот побара јавноста да биде исклучена од судењето.

Причина за тое е дека снимките кои денес треба да се слушнат во судница имале содржина од приватниот живот на првообвинетиот Сашо Мијалков и неговиот соговорник.

И покрај барањето, сепак судот не го прифати истото на одбраната и повеќето од „бомбите“ во врска со овој случај ќе се слушаат со присуство на јавноста. По одбиеното барање, во судницата беше пуштен разговор меѓу обвинетиот Мијалков и Драган Павловиќ-Латас, кој веќе се знае во јавноста.

Поврзани новости