Никола Тодоров сведочи за насилствата во Собранието на 27 април

by fokus

Со сослушување на сведокот Никола Тодоров почна денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На денешното судско рочиште се присутни сите обвинети за немилите настани во Собранието и нивните бранители. На почетокот на судењето беа присутни сведоците Никола Тодоров, Весел Мемеди и Оливер Спасовски, а претседателката на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска, кажа дека сведокот Зоран Заев го известил Судот дека не може да присуствува на почетокот поради средба со австрискиот канцелар Курц, по што ќе дојде во судот да сведочи.

Поврзани новости