Изјавата на Ахмети е скандалозна, велат од БЕСА

by Fokus

Од Беса изјавата на лидерот на „интегративците“, Али Ахмети дека не е проблем „терминот 20 отсто со Албански јазик“ ја сметаат за скандалозна.

Партијата го овласти својот шеф Биљал Касами да ги покани на заедничка маса албанските парламентарни партии.

„Штета е да се слушне од албански лидер дека „20%“ не влијае на албанската супстанца бидејќи овој термин е потценувачки за албанскиот народ во земјава. Што се однесува до евентуалната средба на албанските партии.

Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното раководство донесе одлука да го овласти претседателот на партијата да организира повик за следната средба во рамките на заедничката маса на албанските парламентарни партии во согласност со политичкиот договор на албанските партии во РСМ.“

Поврзани новости