На Ахмети не му се брза за промена на терминот 20% со Албански јазик

by Fokus

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската супстанца во Северна Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент, но без да прецизира кога точно, објави ТВ21

„Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи.

Ве уверувам дека 20% не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. Тоа ќе се случи во вистински момент со договор затоа што сограѓаните Македонци ништо не губат ако од 20% се пишува албански народ“, вели Али Ахмети.

Поврзани новости