Изјава на ЕУ: Загриженост и почитување на принципот на невиност!

by Фокус

 

Во врска со најновиот развој на состојбите во Македонија и обвинувањата на властите кон претседателот на СДСМ Зоран Заев, со специјална изјава се огласи и Европската комисија.

Портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчиќ од властите во Македонија бара да се почитува принципот на презумпцијата на невиност.

„Од Министерството за надворешни работи бевме информирани за детаљи во врска со обвинувањата на четири лица, вклучувајќи го и Зоран Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга. Обвиненијата се однесуваат наводна шпионажа и насилни закани спрема претставници на Владата со цел поткопување на уставниот поредок“, се наведува на почетокот на изјавата.

„Ова се многу сериозни обвинувања и ние повикуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага, за да се избегне секакво погрешно работење, со целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со законот и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност“, порачува ЕУ.

„ЕУ исто така ја повторува својата загриженост поради натамошното влошување на политичкиот дијалог во земјата. Политичките партии треба да се воздржат од дејства кои дополнително ќе ја влошат состојбата“, се наведува на крајот од изјавата.

Поврзани новости