586
Пратеничката Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека СДСМ поднела амандман на Законот за лични карти со кој изјаснувањето на етничка припадност не би било задолжително.
-СДСМ е за тоа законот за лични карти да влезе со собраниска процедура, како што и се случи. Ние имаме три амандмани за предлог законот, од кој едниот е изјаснувањето на етничката припадност на граѓаните во личните карти да не биде задолжително. Сметаме дека ако е задолжително тогаш таа норма ќе се коси со уставот. Подготвени сме ова да го дискутираме во Собранието, со аргументи, вели Петровска.