Османи утре на средба со европратеникот Илхан Ќучук

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, кој ќе престојува во дводневна посета на земјава.

–Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата, соопшти Министерството за надворешни работи.

Во рамките на посетата, покрај со министерот за надворешни работи, Ќучук ќе оствари средби и со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници.

Поврзани новости