388
Пожарникарните екипи вчера вечер го изнесоа јагленосано телото на осумдесет и двегодишниот А.Г. од неговата куќа во пехчевското село Умлена што ја зафати пожар. Според информациите на полицијата А.Г. живееле сам.
Пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот.
-Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја зафатил целата куќа. Телото на сопственикот на куќата, 82-годишниот А.Г. е извадено јагленисано, а по наредба на ЈО од Берово врз телото ќе се врши обдукција. ТППЕ Берово во 00:30 часот го локализирала пожарот, но изгорена е целата куќа, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.