Ахмети: Алијанса за Албанците е несериозна партија

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја нарече несериозна партијата на Зијдин Села, Алијанса за Албанците, бидејќи, како што рече, има само двајца пратениците. Со оваа изјава на вчерашното гостување во Клик Плус на ТВ21, Ахмети ги подгреа шпекулациите за излегување на Алијансата од коалицијата.

Индикативна е изјавата на Ахмети за пратеничкиот состав на Алијансата, затоа што на последните парламентарни избори партијата на Села освои три пратенички места. Села, пак, неодамна изјави дека пратеникот Весел Мемеди преминал во ДУИ. Мемеди го демантираше тоа и изјави дека останува во Алијансата.

Поврзани новости