Одложено е судењето за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, затоа што неговите адвокати биле ангажирани во судењето за „Труст“ на СЈО кое се одржува во исто време.
Правните застапници на Јанакиевски се дел и од одбраната во „Труст“ каде првообвинет е сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан. На судењето по овој предмет денеска се продолжи со вкрстено испрашување на вештакот на СЈО, кој рече дека недостасува документација во компанијата „Трансмет“ која би докажала дека била набавена опремата за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола.
Судењето по обвинението против Јанакиески и уште пет лица ќе продолжи на 30 јануари следната година. Во „Топлик“ обвинетите се товарат за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.