Изгоре автомобил кај плоштадот „Скендербег”, сопственикот бил внатре кога почнал пожарот

by Fokus

Кај скопскиот плоштад „Скендербег” денеска претпладне се запали возило, кое е изгасено со интервенција на противпожарните екипи.

Сопственикот на возилото марка „форд” за МИА изјавил дека автомобилот се запалил додека тој бил внатре, во возилото.

– Не знам како се запали, почна од хаубата да гори, јас излегов брзо од возилото – рекол сопственикот.

По избувнувањето на пожарот, службениците од Градски паркинзи го контролираа сообраќајот за да не се доближат други возила до возилото што гореше се додека стигнаа полициска екипа и противпожарна екипа.

Поврзани новости