Изгоре автомобил кај Агино село

by Fokus

Автомобил „мерцедес 220“ изгоре на автопатот Куманово-Скопје кај Агино село, соопшти кумановската полиција. Кај нив случајот бил пријавен денеска во 11.50 часот.

Полицијата извршила увид и констатирала дека возилото се запалило во движење.

Седумдесетгодишниот возач од кумановско Лопате со „мерцедесот 220“ со швајцарски национални ознаки се движел по автопатот кон Скопје. При возењето заблежал густ црн чад под хаубата. Тој застанал на десната страна и заедно со сопатничката излегле надвор. За кратко време автомобилот целосно изгорел. Истрагата на полицијата ќе ги покаже причините за опожарувањето на возилото.

Поврзани новости