Изгаснат пожарот во парк, во бараките имало и судска документација

by fokus

Пожарот кој ја зафати напуштената барака на поранешниот суд за прекршоци во скопскиот парк е изгаснат, јавува телевизија Телма.

Според првичните информации, огнот зафатил и дел од хотелот Томче Софка. Има материјална штета, а нема повредени ниту меѓу пожарникарите ниту меѓу луѓето кои се нашле во близина во скопскиот градски парк поради сончевиот и ведар ден.

Бараката е во сопственост на Основен кривичен суд –Скопје, а внатре имало и документација оставена по селењето на одделот за прекршоци во судската зграда на стариот кривичен суд во комплексот судови.

Од противпожарната бригада на Скопје рекоа дека имале проблеми со уличните хидранти поради што морало да се носи вода со цистерни на ЈП Комунална хигиена. Околните надземни хидранти до блиските објекти не функционирале, а најблискиот исправен хидрант бил до Министерството за земјоделие.

Поврзани новости